Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на денешното шкотско дерби против Селтик дебитираше за новиот клуб Глазгов Ренџерс по само еден тренинг со тимот.
Натпреварот заврши со реми без постигнати голови, а нашиот напаѓач и покрај тоа што покажа класа, не успеа да ја затресе мрежата во првиот натпревар во „сино-белиот“ дрес.
Миовски беше во стартниот состав, а помина 72. минути на теренот пред да биде заменет од Десерс.
По дебито за Ренџерс, 26-годишниот голгетер се враќа назад во Македонија и ќе му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, како и за квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

