Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, по две извонредни години во дресот на Абердин, од вчера е нов фудбалер на еден од најдобрите шпански клубови, Џирона.
Миовски остави неизбришива трага во Абердин, за само две сезони издвојувајќи се во еден од најдобрите фудбалери во шкотскиот шампионат. Сето тоа добро го знаат и навивачите на Абердин, од кои Миовски се збогуваше со емотивна порака испратена преку социјалните мрежи.
„Здраво навивачи на Абердин. Прво сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Направивте да се чувствувам како дома, напредував, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на се. Од моја страна секогаш го давав макмумумот, за да можам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљубам во клубот. Ви благодарам многу за тоа и секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас секогаш ќе бидам ваш најголем поддржувач и им посакувам на момците успеси оваа сезона и во иднина. Еднаш Дон – секогаш Дон“ – порача Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА