Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно стрелаше за МТК и тоа со клучен погодок за триумф на унгарскиот тим од 2-1 на дуелот против Ујпешт.
Сите возбудувања на мечот се случија во периодот по 84. минута на средбата.
Откако гостите најпрво поведоа, потоа МТК во 88. минута израмни со голот на Ковачрети, а Миовски во 97. минута од пенал донесе и победа за својот тим.
Миовски пеналот самиот го изнуди по негов волеј удар кој беше спречен со игра со рака на противничкиот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

