Миовски со нов блесок: Мајсторски гол за 0-2 против Килмарнок

Бојан Миовски чекаше само еден гол за да си ја врати самодовербата и да влезе во посакуваната форма во дресот на Глазгов Ренџерс.

Македонецот го постигна водечкиот погодок на гостувањето против Килмарнок, а Миовски имаше нов блесок во второто полувреме, стрелајќи прецизно и за 0-2 за својот тим.

Вториот погодок беше мало ремек-дело, Бојан одлично си создаде простор, а потоа во манир на голем стрелец ја смести топката крај првиот дирек додека голманот немоќно гледаше…

Се вчитува...