Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, се најде во стартните 11 на Џирона на гостувањето кај Валенсија на „Местаља“. Македонецот не му помогна на својот тим, кој претрпе пораз на ова гостување, додека Валенсија без Столе Димитриевски на голот ја запиша првата победа.
Валенсија на крајот славеше со два гола за само две минути. Во 56. минута автогол на Хуанпе, а потоа и Гомез во 58. минута погоди за конечни 2-0.
Миовски играше до 78. минута и го напушти теренот во финишот од средбата.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА