Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски ќе се најде во почетниот тим на неговата Џирона на стартот на новата сезона во Ла лига.
Со мечот меѓу Џирона и Рајо Валјекано денеска ќе стартува новата сезона во шпанскиот елитен фудбал. И покрај големиот број шпекулации дека Миовски летово ќе ја промени сезоната, сепак големиот број на повреди во клубот од Каталонија, доведоа до тоа Македонецот да добие шанса и во првиот тим.
Миовски минатата сезона пружи солидни партии во дресот на шпанскиот тим кој за првпат во својата историја играше и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

