Миовски стартер во ремито на Жирона против Селта Виго (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона и Селта Виго одиграа еден убав и интересен натпревар кој заврши без победник 2-2 во премиерниот натпревар од денешната понуда од 26. коло во шпанската Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Циганков во 21. минута. На 1-1 израмни Лосада во 36. минута, резултат со кој се замина на пауза. Целосен пресврт (1-2) донесе Алонсо од пенал во 51. минута, додека конечните 2-2 ги постави Херера во 68. минута.

Eден од најдобрите македонски фудбалери, Бојан Миовски беше стартер за својот тим и одигра 68. минути.

[deleted by user]
by insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...