Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски запиша нов гол за Ренџерс овој пат во победата од 5-1 против Килмарнок во 25. коло од Премиерлигата на Шкотска.
Миовски погоди во 58. минута од средбата за 2-0 во тие моменти на својот тим.
Македонскиот напаѓач играше до 76. минута од натпреварот, кога беше заменет со Антман кој пак во финишот стрелаше и асистираше за конечна победа од 5-1 на Ренџерс.
Ова е трет гол за Миовски на последните два негови дуели против Килмарнок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

