Бојан Миовски веднаш почна да покажува дека е одлична инвестиција за Абердин откако македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол на официјалните средби за новиот клуб, по само шест минути игра на своето деби за шкотскиот премиерлигаш.
Иако одржа само неколку тренинзи со новите соиграчи, Македонецот веднаш доби шанса во стартниот тим на денешниот куп-дуел со Реит. Миовски максимално ја оправда довербата, реализирајќи ја првата шанса што му се укажа, тој најпрвин изнуди пенал, а потоа самиот го реализираше успешно, за фантастичен старт на новата авантура.
— Mark Robertson (@mark_robertson9) July 24, 2022
Само за потсетување, македонскиот голгетер летово се пресели во Абердин од редовите на МТК Будимпешта, во трансфер вреден над 600.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

