Бојан Миовски е херој на последниот меч во Лигата на Нации. Со неговиот гол донесе победа над Фарските Острови за триумфален крај во најновото издание во Лигата на Нации.
Миовски кажа дека и покрај тоа што немаше ефикасност по првиот дел, се договориле да останат трпеливи и смирени.
„Задоволни сме од сите натпревари во Лигата на Нации, ни беше целта да завршиме на првото место. Одиграа одличен меч со Ерменија, имаа многу самодоверба, и беше тешко да се пробие. Но на полувремето се договоривме да останеме смирени, и ете дојде таа шанса ја искористив и на крајот победивме. Сите од прв до последен сме горди, сите сме заслужни за тој рекорд, играме како тим моментално, имаме одлична атмосфера, така се надевам ќе продолжиме во ист ритам и се надевам дека ќе пласираме на Мундијалот“, рече Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА