Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски е на мета на голем број клубови од топ 5 лигите во Европа по одличните настапи за шкотскиот Абердин.
Тој во интервју за медиумите од оваа земја говореше околу сите шпекулации, велејќи дека има уште две години од договорот со овој клуб и дека во моментов не размислува на ништо друго освен на Абердин.
„Имам уште две години од договорот во Абердин, фокусиран сум на клубот и на освојување на место во Европа како минатата година. „Што ќе донесе иднината?…Не знам. Сега сум фокусиран само на мојот клуб и тоа е мојата цел, да бидам што е можно подобар. Абердин е во првите три клуба во Шкотска. Селтик и Ренџерс се едно, Абердин е друго – нашиот клуб потпишува млади играчи за помалку пари и им дава шанса на сите. Тоа е историски клуб, само погледнете го фактот дека најтрофејниот клуб во Европа, Реал Мадрид последен пат загуби европско финале од Абердин“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

