Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блесна и во дресот на Жирона запишувајќи се два пати во листата на стрелци, а и реализирајќи една асистенција во убедливата победа над Еспањол.
Блескавиот меч му донесе на 25-годишниот голгетер и место во идеалниот тим на 14. коло во изборот на сајтот „WhoScored“ и тоа со втора најдобра оцена од 8.91. Подобар од него е само соиграчот Брајан Гил (9.10). Со тоа Миовски зад себе ја остави и најголемата ѕвезда на шпанското првенство Винисиус Џуниор кој има оцена од 8.41.
🇪🇸 La Liga Team of the Week pic.twitter.com/JCadKaiQkV
— WhoScored.com (@WhoScored) November 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА