Македонскиот офанзивец Бојан Миовски одигра одлични 90 минути со многу трк на синоќешниот натпревар против Италија.
И тоа како значаен допринос на Миовски во ремито на тимот, иако, како што вели, жали што не успеа да ја реализира онаа 100% шанса во првото полувреме која можеби ќе го променеше текот на натпреварот, и кон победа за македонската репрезентација.
„Ете се случи да ја промашам таа шанса во првото полувреме. Навистина ми е жал за тоа, но останав сконцентриран до крај на натпреварот и мислам дека сите одигравме навистина одличен натпревар кој не донесе до ремито со европскиот шампион. Чувствуваме огромна жар, желба и силна мотивација да ја докажеме нашата вредност“ – вели Миовски, и дополнува:
„Во второто полувреме ги надигравме, креиравме и повеќе можности за гол, и сосема заслужено дојдовме до бодот. Сега не чека Малта и нормално одиме таму на победа по која повторно би се вклучиле во трката и за втората позиција на табелата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА