Миовски: Знаев дека головите ќе дојдат…

Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на шкотската јавност откако Македонецот постигна два гола во победата од 0-3 на Глазгов Ренџерс на гостувањето против Килмарнок.

Голгетерот кој беше критикуван во изминатиот период одговори на најдобар можен начин, докажувајќи дека е квалитетен за да биде дел од шкотскиот фудбалски гигант.

„Секако дека сум среќен, работев напорно и не се откажував, знаев дека головите ќе дојдат… Постигнав два гола и задоволен сум, верувам дека во иднина ќе имам уште многу вакви моменти…. Не добивав преголема минутажа минатата година, важно ми беше да најдам константност, да соберам што повеќе минути на теренот и на тој начин да влезам во посакуваната форма. Сега се чувствувам далеку подобро, пофокусирано и верувам дека ќе продолжам во посакуваниот ритам. Не е тоа случај само со мене, секој фудбалер сака да минува што повеќе време на теренот“, реален е Миовски.

Тој очекува неговата форма, како и резултатите на Глазгов Ренџерс да се движат во позитивна насока во наредниот период.

„Немавме и многу време за тренинг поради згуснатиот распоред и репрезентативната пауза, но одлично е што стартував на три меча во низа за Глазгов Ренџерс, тоа секако влијае позитивно врз мојата форма и самодовербата што ја имам. Се чувствува дека се гради позитивна хемија во тимот и верувам дека ќе се движиме во вистински правец во периодот што следи“, оптимист е Бојан Миовски.

Се вчитува...