Работнички ја помина првата пречка во Купот на Македонија откако во четвртфиналето славеше над ТФТ со 66-62 во неизвесна завршница. Избраниците на Димитар Мираковски во поголемиот дел од натпреварот се мачеа против „новајлијата“ во натпреварувањето, но на крајот успеаја да го „скршат“ отпорот на младиот тим.
По натпреварот тренерот на Работнички не го криеше задоволството од прикажаното на својот тим од играта во одбраната и најави подобар напад на утрешниот полуфинален дуел.
„Тој што разбира кошарка, знае каква екипа е ТФТ. Цела сезона се мачиме со нив и знаевме дека нема да биде лесно. Честитки за нивната енергија со која ги играат натпреварите. Се обидоа со комбинирана одбрана, бевме подготвени на се, но ни затаи нападот, имавме многу промашени отворени шутеви итн. Позитивно е тоа што играчите сфатија дека вакви натпревари се решаваат со добра одбрана, стиснаа заби, покажаа дека можат да играат дефанзивно и тоа беше клучно. Мислам дека првиот натпревар секогаш е најтешко. Игравме со грч и мислам дека од утре ќе бидеме послободни, ќе имаме и четворица странци во ротацијата што е одлично за нас“, изјави Мираковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА