Мираковски: Правевме спротивно од се што се договоривме

Тренерот на Работнички, Димитар Мираковски очекувано беше незадоволен од елиминацијата на неговиот тим од ТФТ во четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Во главно израмнет меч, тимот од Градски парк, мораше на крајот да потклекне пред ТФТ. Според Мираковски натпреварот бил загубен на почетокот кога нервозно се стартувало, па сето тоа се пренело и во текот на целиот меч

„Бевме многу нервозни на почетокот од мечот кога правевме се спротивно од тоа што се договаравме. Не успеавме да го запреме Костоски во првиот дел, а потоа во вториот дел имавме добра дефанзива, а нападот беше очаен. Ова се такви натпревари во кои енергијата одлучува. Не можевме на крајот да парираме и во тој дел. Како и да е, сега се насочуваме кон првенството. Следи пауза од две и пол недели и мора да реагираме и со некои играчи за да се консолидираме за продолжението на првенството“ – истакна Мираковски.

Се вчитува...