Работнички оствари водство од 1-0 во финалната серија од плејофот против МЗТ Скопје Аеродром, но остана без еден од своите најголеми адути. Искусниот плејмејкер Димитар Мираковски, кој го повреди бутниот мускул на синоќешниот меч, нема да може да игра до крајот на битката за титулата.
Во Градски парк пристигнаа лоши вести, дека Мираковски има сериозна повреда на задната ложа и ќе биде надвор од кошаркарките терени во наредните шест до осум седмици. Тоа значи дека Марин Докузовски без него ќе мора да пронајде решение како да го порази МЗТ Скопје Аеродром во финалната серија за да стигне до шампионскиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА