Миралем Пјаниќ засилува клуб од Саудиска Арабија

Поранешниот репрезентативец на Босна и Хервеговина, Миралем Пјаниќ во новата сезона нема да биде дел од Ал Шахран откако клубот му се заблагодари за услугите со крајот на договорот кој нема да биде продолжен.

Искусниот фудбалер од средниот ред заминува од првенството на Обидинетите Арапски Емирати, но останува на Блискиот Исток и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде се очекува наскоро да биде промовиран како нов фудбалер на Ал Раед и тоа со договор со важност на две сезони.

Искусниот Пјаниќ сениорската кариера ја започна во Мец, а настапуваше и за Лион, Рома, Јувентус, Барселона и Бешикташ.

Се вчитува...