Мартин Мирчевски и неговиот ТСЦ се пласираа во четвртфиналето од Купот на Србија откако на крилја на македонскиот интернационалец и неговите два гола домашниот лесно се справи со Железничар Панчево (2-0).
Македонецот го отвори мечот во 3. минута со гол од белата точка, а потоа стрелаше и во 32. минута за двојна предноста која беше доволна да се осигура место меѓу најдобрите осум тим во Купот на нашиот северен сосед.
За Мирчевски кој досега постигна девет гола во настапите во елитното српско првенство ова се први голови во тамошниот Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

