Екипата на Силекс со три бода се враќа од гостувањето во Ѓорче Петров во меч од 14. коло, откако ја совлада екипата на Македонија со 1-2. Сите три гола паднаа во вториот дел, а кратовскиот тим пропушти неколку добри шанси за порано да го заклучи победникот. Свои прилики имаа и „лавовите“ кои можеа да го избегнат поразот, ако беа поконцентрирани во завршницата.
Силекс во првото полувреме постигна два гола за 12 минути. Најпрво во 15. минута по одличниот центаршут на Пиреш од десната страна, Мирчевски со глава го совлада Јанков, и донесе предност за кратовскиот прволигаш.
Во 27. минута акција на Силекс по левата страна, топката уфрлена во петерецот, каде што Кабаркас се обиде да расчисти, но топката стигна до Донов, кој со волеј удар постигна убав гол за предност од 2-0 за гостите.
Сепак, Македонија ЃП успеа да се врати. Се играше 32. минута кога Пецов ја казни големата грешка на одбраната на гостите, и успеа да го совлада Џеков за 1-2.
Во вториот дел Силекс беше поблиску до трет гол. Ја погоди и пречката, шанса имаше и Алиќ, но не успеа да го „затвори“ натпреварот. Тоа остави можност за Македонија ЃП да го избегне поразот, па 10 минути пред крајот Елмас имаше шанса, но неговиот удар отиде над голот. Софијановски од слободен удар во финишот имаше шанса, но неговиот обид заврши само крај голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

