Мартин Мирчевски ја имаше улогата на херој на ТСЦ на вчерашниот дуел со ИМТ на кој македонскиот напаѓач со гол во самата завршница му донесе триумф на својот тим.
Тоа е четврта победа во низа на ТСЦ, сите без примен гол, а по натпреварот тренерот Жарко Лазетиќ имаше само пофални зборови за македонскиот интернационалец.
„Мартин Мирчевски е одличен напаѓач, тој има ген за давање голови што е многу значајно за тим со амбиции како нашиот. Јас верувам во него, не беше регистриран за двомечот со Брага бидејќи имаше мала повреда, а и игравме во пониска. Мирчевски е најопасен кога ќе се преселиме кај противникот, тој е напаст во шеснаесетникот и сигурно ќе сметам на него за наредните европски пресметки. Мартин ќе биде регистриран во нашиот состав за Европа, за тоа нема никаква дилема“, изјави Лазетиќ по вчерашниот триумф на ТСЦ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

