Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски одигра одличен натпревар во српскиот шампионат со три гола носејќи победа од 3-1 за ТСЦ Бачка Топола против Колубара.
Мирчевски запиша хет-трик со повеќе од убави погодоци. Првиот го постигна со пета, потоа реализираше со волеј-удар и на крај умешно да реагираше во казнениот простор на противникот.
„Секако задоволен сум својот прв хет-трик надвор од границите на Македонија, но далеку позначајна ми е победата на мојот тим. Верувам дека уште многу може да дадам за ТСЦ во желбата за идни позитивни резултати“ – истакна Мирчевски по вчерашниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

