Долгогодишната македонска репрезентативка Мирјета Бајрамовска ја завршува кариерата. Бајрамовска вечерва го игра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација пред домашната публика во СРЦ Кале, а последниот настап во кариерата ќе и биде саботниопт меч против Србија во Ниш.
Пред почетокот на натпреварот со Шведска, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на Бајрамовска и врачи врамен дрес, а капитенот Елена Георгиевска и го врачи подарокот од нејзините репрезентатиовни колешки.
Мирјета Бајармовска е една од најдобрите македонски ракометарки во последните две децении. Кариерата ја почна во рoдната Битола, настапуваше за Еуростандард ЃП и за Кометал ЃП, го носеше дресот на Металург, а послднатa сезона ја мина во составот на ЖРК Вардар. Во интернационалниот дел од кариерата македонската репрезентативка настапуваше за словенечки Крим и за Драма од Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА