Мирко Алиловиќ испиша нови страници во историјата на Лигата на Шампионите, станувајќи прв играч кој настапил во 23 сезони во елитното европско натпреварување.
Легендарниот хрватски голман влезе во сезонава на делба на рекордот заедно со Никола Карабатиќ со по 22 сезони како дел од ЛШ. Алиловиќ веќе по првото коло од новата сезона доби шанса на голот на Висла, и тоа против поранешниот клуб Пик Сегед, со што стана прв во историјата со најмалку еден одигран натпревар во Лигата ан Шампионите.
Алиловиќ мина на теренот шест минути и немаше ниту една одбрана, но и тоа беше доволон за голманот кој за четири дена ќе наполни 40 години да испише историја во европскиот клупски ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

