Мирко Ивановски две години во Петролул

Поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски во следните две години ќе игра за Петролул. Денеска романскиот клуб го промовираше 32-годишниот Македонец за нов фудбалер. Тој досега настапуваше за Динамо Букурешт.

Ова ќе му биде четврти клуб во Романија. Покрај во Динамо, настапуваше за Клуж и Астра во минатото.

Во минатото Мирко Ивановски играше за Диосѓер, Хајдук, Славен Белупо, Болуспор, Видеотон, Арка, Славија Прага, Македонија ЃП и Пелистер.

За националниот тим на Македонија има 27 настапи и постигнато 1 гол.

Се вчитува...