Мирко Ивановски „раскина“ со Петролул

Поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски, не е повеќе член на Петролул Плоешти, откако клубот и играчот се решија да ја прекинат соработката на 1,5 година до завршување на договорот.

Ивановски на стартот од сезоната потпиша двегодишен договор со романскиот прволигаш, но истиот е раскинат по само шест месеци. Сезонава одигра 14 натпревари за Петролул.

Ивановски во минатото играше и за Динамо БукуреШе, Клуж и Астра во Романија, додека игрше и за Диосѓер, Хајдук, Славен Белупо, Болуспор, Видеотон, Арка и Славија Прага.

Се вчитува...