Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски беше стрелец на победничкиот гол за својот тим Славен Белупо во триумфот (2-1) над Осијек во хрватскиот шампионат. Тоа е 15.гол за Ивановски оваа сезона и сега заостанува само еден погодок зад водечките стрелци, Хебер од Ријека и Соудани од Динамо Загреб.
Осијек имаше водство по првиот дел, а Славен Белупо постигна два гола во финишот за целосен пресврт. Реберник во 84.минута успеа да израмни, а Мирко Ивановски само две минути подоцна постигна погодок за триумф на Славен Белупо.
По оваа победа, тимот на Славен Белупо се наоѓа на шестото место на табелата во Првата лига на Хрватска со 43 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА