Мирко Вучиниќ осуден на две години поради затајување данок

Поранешниот црногорски репрезентативец Мирко Вучиниќ е осуден на две години поради затајување данок, пренесуваат италијанските медиуми.

Екс-фудбалерот на Рома и на Јувентус беше обвинет дека не пријавил дури шест милиони евра, поради што доби двегодишна условна казна.

Вучиниќ спомнатиот износ го заработил во периодот од 2014 до 2017 година за што требало да плати данок во Италија, но не го направил тоа. Судијата Валерио Фидела донесе одлука да се заплени сметката на Вучиниќ, како и подвижниот и неподвижниот имот, како би се добила исплата на отштетата за државата.

Вучиниќ се бранел дека платата ја примал во Обединетите Арапски Емирати, а не во Италија, затоа што последните денови од играчката кариера играше за Ал-Џазира. Но, таа одбрана не поминала и затоа ќе мора комплетно да ја плати отштетата на државата плус со каматите, а ќе биде и две години условно казнет.

Се вчитува...