Мирковски во дебито на клупата на Војводина со силен отпор на Обрадовиќ и Партизан во Купот на Србија

Македонскиот стратег Владимир Мирковски и неговиот нов клуб Војводина пружија силен отпор на белградски Партизан во четвртфиналето од Купот Радивоје Корач на Србија, но новосадскиот тим, сепак, доживеа елиминација по поразот од 85-69.

Мирковски дебитираше на клупата на Војводина и тоа токму на дуелот со Партизан во кој неговиот тим имаше израмнет резултат се до последната четвртина.

Во последниот период од играта се влезе со резултат 59-57 за Партизан, но „црно-белите“ одиграа одлична четврта четвртина која ја добија со 26-12 за конечна победа и очекуван пласман во полуфиналето.

Кај Партизан најефикасен беше Карлик Џонс со 24 поен, а Тајрик Џонс постигна 21 поен. Американецот Смит со 15 поени беше најефикасен кај Војводина.

Се вчитува...