Тој е ’фајтер’ и секако дава се од себе на натпреварите за Македонија. Понекогаш тоа е и кобно, па се повреди и на денешниот меч со Исланд. Филип Миркуловски го заврши мечот изнесен на раце од својот помлад соиграч Нелоски, откако доживеа повреда на бутниот мускул. Допрва ќе следат деталните прегледи, а тој се надева дека е грч…Тогаш Жути би имал шанси да игра против Норвешка за два дена.
„Дај Боже да е грч. Почувствував силна болка. Не знам, сега ќе одиме на смимање. Ако е грч, имаш шанси да играм со Норвешка за два дена, ако е нешто скинато…Се надевам на најдобро“, информираше Миркуловски за својата повреда.
Потоа даде оценка и за дуелот со Исланд и ремито (27-27) со кое го освоивме третото место во групата.
„Одигравме според рецептот со Тунис. Нема предавање до самиот крај. Имаме карактер, тоа е многу важно. Филип Лазаров имаше одличен меч, да не зборувам за голманот Колев, секоја му чест. Добро е, сега треба да стегнеме заби за Норвешка“, истакна средниот бек на македонскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА