Филип Миркуловски постигна три гола за Вецлар во ремито на домашен терен против Хутенберг (23-23). Македонскиот бек постигна два од последните три натпреври за својот тим во неизвесниот финиш, прво за вопдство од 22-21, а потоа и за 23-22. Но, гостите со голот на Владан Липовина во последните секунди успеаја да изедначат и да се изборат за конечните 23-23.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески со Рајн Некар Левен на домашен терен славеше убедлива победа против Минден со 37-22, во натпреварот од 3.коло во Бундес лигата. За актуелниот германски шампион ова е втора победа сезонава и враќање во победнички ритаам по шокантниот пораз во претходното коло од Фленсбург.
Избраниците на Николај Јакобсен беа апсолутно надмоќни во дуелот со Минден и победата ја обезбедија уште во првиот дел во кој имаа водство од 20-11.
Талески доби шанса во вториот дел и постигна еден гол за Рајн Некар Левен. Во составот на „лавовите“ најефикасни беа Енди Шмит со девет и Џери Толбринг со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА