Филип Миркуловски и неговиот Вецлар загубија на домашен терен од Фуксе Берлин со 28-30 во натпревар од 29. коло во германската Бундеслига.
Миркуловски и соиграчите на неверојатен начинг го отворија натпреварот против фаворитот, па по првите триесет минути игра имаа плус три 15-12. Сепак, гостите заиграа далеку подобро во вториот дел, а поголемиот квалитет дојде до израз во финишот кога го урнаа отпорот на домаќинот и на крајот стигнаа до победа од 28-30.
Миркуловски не се запиша во листата на стрелци иако имаше два удари кон противничкиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА