Филип Миркуловски направи уште еден подвиг на почетокот од својата тренерска кариера откако македонскиот стратег даде значаен придонес за Вецлар да опстане во првата Бундес-лига. Синоќешниот пораз на Минден од Магдебург значеше дека Вецлар на две кола до крајот на сезоната има доволна предност во однос на овој ривал за и дефинитивно да биде обезбеден опстанок во елитното друштво.
Миркуловски дојде на чело на тимот во „спасувачка мисија“ заедно со спортскиот директор Чамџиќ, кога клубот се наоѓаше во незавидна ситуација по серијата слаби игри и резултати под водство на Хрвоје Хорват. На екс-селекторот на Хрватска експресно му беше врачен отказ, а долгогодишниот македонски репрезентативец успеа да стигне до неколку победи со Вецлар со што беше осигуран прволигашкиот статус и за наредната сезона.
Член на Вецлар од февруари годинава е и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој ги пропушти последните натпревари по повредата заработена при настапот за нашиот национален тим против Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА