Филип Миркуловски и Вецлар приредија големо изненадување во третото коло од Бундес-лигата, успевајќи да останат непоразени во пресметката против шампионот Фленсбург (27-27). Ракометарите на Вецлар цел меч одлично му парираа на актуелниот првак, а вистинскиот карактер го покажаа на крајот, откако во последните две минути се вратија од негатива од 25-27 и со голот на Холст во последната секунда стигнаа до големо реми.
Мартин Томовски и Лудвигсхафен не успеаја да приредат сензација на гостувањето против Кил (30-27). Аутсајдерот целосно им парираше на „зебрите“ во првото полувреме (15-14), но немаа сили да го издржат темпото до самиот крај. Македонскиот голман имаше три успешни интервенции за неполни осум минути на теренот.
Жарко Пешевски немаше свој ден по слабиот шутерски ефект за Штутгарт на гостувањето против Лајпциг (31-28). Пивотот на македонската репрезентација упати пет удари кон противничкиот гол, само еднаш сместувајќи ја топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА