Филип Миркуловски со тимот на Вецлар стигна до четвртфинален билет за Купот на Германија, откако оваа екипа по голема битка славеше на гостувањето против Бергишер, тим за кој до лани настапуваше и македонскиот репрезентативец Ацо Јоноски (27-28).
Бергишер сезонава настапува во втората лига и има значително послаб состав, но оваа екипа сепак одлично му парираше на Вецлар. Миркуловски и соиграчите успеаја да се одлепат пред самиот крај, поведувајќи со 23-27, но ракометарите на Бергишер се вратија и го однесоа мечот во неизвесна завршница во која имаа и шут за израмнување, што сепак беше непрецизен.
Македонскиот бек учествуваше со три гола во победата на својот тим, а најефикасен во редовите на Вецлар беше Холст со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА