Со три свои погодоци Филип Миркуловски и помогна на македонската репрезентација да ја запише првата победа над селекцијата на Босна и Херцеговина од трите пријателски пресметки кои се закажани во пресрет на Светското ракометно првенство. Повратникот во репрезентацијата кој пред неколку емсеци се повлече, вели дека тимот има светла иднина, но сè уште има напорна работа која ќе им претстои во наредните неколку дена за време на последните подготовки пред почетокот на Мундијалот кој го отвораме со натпревар против Тунис.
„Треба да сме задоволни, игравме први добри 20 минути од прво полувреме, водевме со 6-7 голови разлика. Сè уште сме малку тешки, имавме напорни тренинзи, имаме уште десетина дена да ни ’легне’ сè. Верувам дека нозете ќе ни бидат полесни и ќе ги решиме тие полу-контри и контри. Мислам дека ќе се справиме и со тие осцилации во играта бидејќи ова е сепак прв натпревар, има доста нови играчи. Лино ротираше доста што е и добра. Сите го дадоа својот максимум, треба да сме задоволни. Имаме добра иднина. Ни преостануваат уште 8-9 дена да се подготвиме и да започнеме со Тунис“ – истакна Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА