Миркуловски: Исланд е посилен, но предноста е на наша страна

Филип Миркуловски не беше во составот за првите два натпревари во квалификациите за ЕП 2018 со Ческа и со Украина, но искусниот бек пред СП во Франција се врати во националниот состав и ќе биде од помош во репрезентацијата и за преостанатите четири квалификациски дуели. Првиот предизвик е добропознатиот противник, репрезентацијата на Исланд. Со Исланѓаните на СП во Франција во јануари одигравме нерешено (27-27), но сега е нова ситуација и на едната и на другата страна. Макеоднија има нов селектор, а Исланд е посилен со враќањето на Арон Палмарсон.

Според Миркуловски, првиот меч во четврток во „Борис Трајковски“ ќе даде многу појасна слика каков е сега односот на силите меѓу двете репрезентации, но бекот на Вецлар сепак, дека домашниот терен и дава мала стартна преднбсот на Македонија.

Со Исланд добро се знаеме, игравме и на последното СП во Франција. Но, сега нема да биде исто. Тие се друга репрезентација со Палмарсон во составот и сигурно барем за 30 проценти посилни. Палмарсон игра во добра форма во Веспрем, но мора да бидеме внимателни, затоа што Исланд не е само Палмарсон, имаат силна бековска линија, а тука секогаш е и капитенот Сигурдсон. Не е исто ни кај нас, имаме нов слеектор, кој сигурно ќе внесе новини во играта и еден нов квалитет. Нема многу време, но ние сме искусни, долги години сме заедно, очекувам добар натпревар и секако победа. Имаме мала предност затоа што играме пред домашната публика. Дома секогаш играме подобро и овој пат ќе дадеме максимум да го добиеме мечот и да одиме на реваншот без преголем притисок. Ние сме тука во мала преднсот, Исланд загуби од Украина и имаат многу поголем притисок од нас, повеќе им треба победата. Но,  ни треба и нас и затоа ќе биде многу важен овој прв натпревар во четврток – истакнува Филип Миркуловски.

Се вчитува...