Вецлар направи гоолем чекор напред кон обезбедување на опстанокот во Бундес-лигата откако тимот на Филип Миркуловски славеше со 31-27 над Минден.
Екипата на Вецлар влезе во овој меч со „црна серија“ од три порази во претходните три кола, но вечерва одигра беспрекорно прво полувреме и веќе во стартните 30 минути ги осигура бодовите (18-12).
Меѓу најзаслужните за овој триумф беше токму Миркуловски, кој постигна шест погодоци, но имаше и значајна улога во одбраната, уште еднаш покажувајќи зошто е капитен на овој германски прволигаш.
Вецлар со овој триумф се зацврсти на 14. место на табелата со вкупно 16 бода, четири повеќе од 15.пласираниот Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА