Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски е најзаслужниот за пласманот на Вецлар на Ф4 турнирот во Купот на Германија.
Вецлар славеше против Штутгарт со 25-21, и тоа во драматичен финиш со пресврт токму благодарение на извонредната игра на Миркуловски.
Во последните 15 минути Вецлар влезе со негатива од 17-18, за да на сцена стапи македонскиот ракометар кој во финишот постигна четири од вкупно шестте гола за конечен триумф на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА