Победник на мечот на сите ѕвезди на македонскиот ракомет е хуманоста откако навивачите го преполнија СЦ „Борис Трајковски“ за хуманитарниот спектакл од кој сите собрани средства ќе бидат донирани во СОС Детско село.
Токму за тоа говореше и доскорешниот репрезентативец Филип Миркуловски кој ја пофали организацијата и народот кој покажа големо срце.
„Некој да ми кажуваше дека ќе се случи ваков натпревар, вака добро организиран и да изгледа вака убаво. На крајот ќе има еден победник, народот кој покажа големо срце, ја исполни салата за да бидат донирани средства на оние на кои им се многу потребни, децата од СОС Детско село“, вели Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

