Миркуловски: Научивме да не се опуштаме и кога губиме

Македонија го започна Светкското првенство со победа над Тунис (34-30). До 45. минута, македонската репрезентација беше во негатива, одбраната не можеше да се консолидира, а победата беше во рацете на Тунис. Следеше неверојатен пресврт кој на Макеоднија и ги донесе двата посакувани бодови во групната фаза од Мундијалот.

„За мене ова е една навистина слатка победа. Знаеме што ни одзема Тунис во Април. Ова не е одмазда туку повеќе е еден натпреварувачки мотив за нас. Губевме до 45. минута и успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Го сменивме карактерот – да не се пуштаме и кога губиме. Имавме доста проблеми со напад-одбрана, но успеавме и тоа да го решиме. Не ни помисливме да се предадеме. Заигравме поагресивна одбрана, тие добија неколку исклучувања што во минатото ние не знаевме да го искористиме и тука го направивме тој пресеврт“ – истакна Филип Миркуловски.

 

Се вчитува...