Филип Миркуловски уште во првиот натпревар по враќањето во националниот тим веднаш покажа колку всушност и недостасувал на Македонија, колку всушност значи неговото присуство и на теренот но и покрај него, и за квалитетот на македонскиот состав но и како мотивација за младите ракометари.
Популарниот Жути не можеше да ја сокрие среќата по крајот на мечот, истакнувајќи дека ова чудо не смее да остане само како една добра епизода.
„Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште попосветено за Македонија“ – напиша Миркуловски на социјалните мрежи веднаш по победата над Данците.
Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот…
Posted by Filip Mirkulovski on Четврток, 11 март 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА