Филип Миркуловски и Вецлар не успеаја да приредат изненадување на гостувањето против Фуксе Берлин, губејќи од фаворитот со убедливи 35-28.
Гостите солидно парираа во првото полувреме кое заврши со резултат 17-15, за „лисиците“ од Берлин уште на самиот почеток од вториот дел да направат серија, посериозно да се одлепат резултатски и предвреме да го решат победникот.
Миркуловски постигна три гола од исто толку обиди против поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев. Најефикасен на натпреварот беше Бјорнсен од Вецлар со 11 погодоци, а прв стрелец на Фуксе Берлин беше Милош Вујовиќ со 10 постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА