Миркуловски: Потешко е од страна да гледаш отколку да играш, но тука сум за момците…

Филип Миркуловски пред извесен период се врати назад во македонскиот ракомет, прифаќајќи одговорна улога во федерацијата како главна фигура во машкиот репрезентативен ракомет, како на сениорски план, така и во младинските категории.

Тој е шеф на македонската делегација на ЕП 2026 во Хернинг, а некогаш големиот борец не крие дека му е чудна адаптацијата во новата улога.

Секогаш е чест да се биде дел од репрезентацијата, било како играч било како дел од стручниот штаб. Сега сум во малку поинаква улога, и веројатно е потешко да ги гледаш мечевите од страна одколку да ги играш. Правам се за да им помогнам на момците кои што се исклучително талентирани имаат доста искуство, иако се доста млади. Неколку турнири по ред на кои настапуваат, растат како генерација може само да расте“ – вели Миркуловски.

Тој е задоволен од одработените подготовки за овој европски шампионат и е оптимист за наши добри игри, без оглед на силината на групата во која се наоѓаме.

„Последната проверка пред европското првенство мислам дека беше успешна. Мислам дека овој дуел ќе биде вистинска проверка за претстојниот прв дуел против Данска. Кој што ќе му користи пред се на селекторот за да ги увиди и последните детали од играта. Сепак, ние сме во група со Данска, Португалија и Романија. Тешка група, во која ние сме присутни за да ги изненадиме сие силни противници. За Данска не треба да се трошат зборови, и лаиците знаат за каква селекција се работи. Фаворити се на целиот турнир, а ние ќе се насочиме да го дадеме својот максимум“ – истакнува Филип Миркуловски.

Се вчитува...