Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски останува во Вецлар и во наредната сезона и како што најави, таму планира и да ја заврши играчката кариера.
Миркуловски кој сезонава ја доби и капитенската доверба во германскиот тим, денеска потпишна нов договор со Вецлар со важност до јуни 2020 година. Шест месеци пред истекот на актуелниот договор на крајот од сезоната, раководството на Вецлар и македонскиот бек се договорија да ја продолжат соработката на подолг рок.
Македонскиот бек во Германија се пресели во 2015 година по кризата што го зафати Металург. Во првата сезона насташуваше за Хановер, а изминатите две години е дел од Вецлар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА