ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Искусниот Филип Миркуловски не може да го сокрие разочарувањето од начинот на кој Македонија, и покрај одлично одиграниот натпревар, не успеа да избегне пораз против фаворизираната Словенија.
„Одигравме добар натпревар… Можеби ќе жалиме по преспиената ноќ, но пресудни беа техничките грешки. За еден ваков европски натпревар мислам дека беа премногу, ако беа помалку мислам дека и можевме да дојдеме до триумф“ – вели Миркуловски по дуелот, притоа дополнувајќи:
„Почетокот беше одличен, поведовме со серија но потоа противникот се врати во игра. Штета. Мислам дека пропуштивме убава шанса за победа затоа што и Словенците играа во некој грч. Мислам дека не очекуваа дека можеме вака да одиграме без Кире Лазаров, но тоа е…“
Колку младите покажаа дека веќе е на пат подготовката на новата генерација?
„Па, тоа беше и нашата идеја пред првенството. И пред повредата на Лазаров, идејата беше да се гради новата генерација која ќе ја има поголемата минутажа и ќе го понесе главниот товар. И се виде дека имаат квалитет, и во одбраната и во нападот одиграа младите квалитетен натпревар на чело со Томовски кого мора да го нагласам. Има иднина во сите нив, и штета само што добрата партија не успеавме да ја валоризираме со добар резултат“ – вели Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА