Филип Миркуловски ги надмина проблемите со повредата на грбот здобиена при незгодниот пад на самиот почеток од синоќешниот дуел со Словенија. Искусниот бек денеска тренираше со остатокот од екипата и наскоро ќе се врати на терените.
„Како што реков и по мечот, стануваше збор за незгоден пад. Денеска се чувствувам многу подобро, прегледите покажаа дека не станува збор за ништо сериозно. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играм утре против Шпанија, но 100% ќе бидам во тимот против Исланд. Тоа е најважниот меч за нас, дуел што може да ни го донесе третото место на табелата и избегнување на Франција. Во спортот не се прават калкулации, ние ќе сториме се и против Шпанците, но јасно е дека приоритет ќе ни биде пресметката со Исланѓаните“ – изјави Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА