Екипата на Вецлар, во чии редови настапува и нашиот Филип Миркуловски, продолжи со одличните настапи во Бундес0лигата, совладувајќи го Гепинген со убедливи 29-19.
Ова беше петта победа во низа за Вецлар, со што овој тим ги задржа шансите за место во ЕХФ купот во следната натпреварувачка сезона. Миркуловски беше стрелец на два гола од вкупно три обиди, а најдобар стрелец кај победничкиот тим беше Вебер со девет постигнати гола.
Вецлар ќе се обиде да ја продолжи серијата победи во следното коло, кога Миркуловски ќе му гостува на Ацо Јоновски во пресметката против Бергишер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА