Филип Миркуловски конечно ги остави зад себе проблемите со повредата на мускулот што го мачи извесно време и се врати во тимот на Вецлар. Големиот борец го стори тоа со стил, постигнувајќи го клучниот гол за победа над неговиот поранешен клуб Хановер од 29-28.
Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со два гола од три обиди, но она што е клучно е погодокот а една и пол минута до крајот, кога Миркуловски стрелаше прецизно за водство од 29-27, предност што се покажа недостижна за гостите.
Нема дилеми, помошта на Миркуловски ќе биде неопходна и на нашиот национален тим на претстојниот Мундијал во јануари 2019 година, па останува да се надеваме дека проблемите со повреди овојпат ќе изостанат и тој ќе може да се појави во групната фаза во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА