Повредата е надмината, а Филип Миркуловски повторно е на терен. Македонскиот репрезентативец се врати во составот на Вецлар кој славеше победа во гости против Гумерсбах со во натпреварот од 22.коло во Бундеслигата. Миркуловски се повреди за време на СП во Франција во јануари, а потоа по враќањето во Германија ја обнови повредата и неколку недели мораше да паузира.Македонскиот бек постигна еден гол од два обиди во 12-та победа на Вецлар сезонава. Најефикани во победничкиот тим беа Филип Вебер со максимални 6/6 и Јаник Колбахер 5/5.Со 12 победи од 22 натпревари, Вецлар моментно е на шестата позиција на табелата со 24 бода. На чело на бундеслигашката табела е Фленсбург со 41 бод, пред Кил кој има 36 и Рајн Некар Левен со 34, но и со три натпревари помалку од другите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА